Имајќи ја во предвид природата на Интернетот, треба да се напомене дека при неговото користење пасивно и автоматски се собираат податоци за навиките и преференциите на неговите корисници. При посетата на интернет страницата од корисниците, MeLuna.mk може да евидентира и информации поврзани со нив, кои сами по себе не се доволни за да идентификауваат одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет страницата. Таквите информации може да ги вклучуваат името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посета на интернет страницата, како што се оперативен систем и испорачувачот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на интернет провајдерите и се различни за секој корисник на интернет и слични информации.

Колачиња на пребарувачот на интернет

„Cookies“ се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер заради следење на движењето на вашиот интернет пребарувач од страна на интернет страницата, но не се поврзуваат со ваши лични податоци. Со помош на ваквите фајлови MeLuna.mk го следи движењето на посетителите на страната по неа и на тој начин собира податоци за да се подобри корисничкото искуство и за да ја оптимизира и унапреди функционалноста на интернет страницата. На интернет страницата има само таков тип на „Cookies“ што се чуваат на компјутерот на корисникот онолку време колку што има поставено во интернет пребарувачот. Корисниците може да изберат да ги наместат своите пребарувачи на интернет да ги одбијат колачињата. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од страницата може да не функционираат како што е предвидено.

Со користење на оваа страница, корисникот се согласува со одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате со Политиката, ве молиме не користете ја интернет страницата. Вашето континуирано користење на интернет страницата следејќи ги промените на оваа Политика ќе се смета за ваше прифаќање на дадените промени.